Балкан

Точно во 12:44 часот започна кореографија: Огромен тенк на север и порака за Косово

Точно во 12:44 часот започна кореографија: Огромен тенк на север и порака за Косово

Делиите направија кореографија на северната трибина во почетните минути од пријателскиот натпревар помеѓу Црвена звезда и Фиорентина.

Точно во 12. минута и 44. секунда започна кореографијата на северната трибина. Овој момент е избран симболично бидејќи се однесува на резолуцијата 1244 на Обединетите нации за Косово.

На кореографијата е прикажан голем тенк, во чија позадина е српското знаме, а под него е напишана пораката „Нека се врати војската на Косово“.

Ова е апелот на Дели да се почитува резолуцијата 1244, според која на Косово треба да бидат присутни 1.000 припадници на српската војска.

Црвена звезда на својот стадион игра пријателски натпревар против Фиорентина, што претставува „генерална проба“ пред почетокот на натпреварувачката сезона.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни