Собранието на Република Македонија денеска ќе ја разгледува иницијативата на Тодор Петров за собирање на потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум.
Петров 149.999 истомисленици кои ќе одлучат дали ќе се распише референдум за спротивставување на промената на името. Тодор Петров уште пред извесно време побара иницијатива за собирање на потписи за нов референдум.
„На 20 декември со потпис на 130 граѓани и јас како овластен предлагач, поднесов иницијатива за собирање на 150.000 потписи за распишување задолжителен референдум со единствено прашање – „Дали сте за Северна Република Македонија“, изјави Петров.
Тој ја чека дозвола од македонскиот парламент. Во 12 часот по ова прашање седница ќе има Комисијата за политички систем и односите меѓу заедниците, а во 12:30 часот седница ќе има и законодавно-правната Комисија.
