Том Круз ќе изведе најопасен каскадерски потфат досега

Пред два дена Том Круз го претстави, како што вели и самиот, најопасниот каскадерски трик на сите времиња.

Се работи за сцена од претстојниот филм „Невозможна мисија 7“.

Инаку, Круз е познат по опасни сцени, кои самиот ги изведува каскадерските маневри, а на оваа сцена вози мотор по стрмен предел кој се спушта од џиновска карпа, а потоа се фрла во воздух пред да го отвори падобранот.

Сцената се снимала во Норвешка, а видеото и разговорот меѓу актерот и режисерот Кристофер Меквери за подвигот беа прикажани на собирот на кинематографи и директори на холивудски студија во Лас Вегас.

„Oва е најопасното нешто што сум се обидел да го направам, а работиме на тоа со години. Сакав да го направам ова од кога бев малечок!“, истакна Круз.

„Невозможна мисија 7“ треба да излезе во мај 2022 година со едногодишно задоцнување поради пандемијата што го прекина снимањето во Италија, па тоа продолжи во Норвешка и Велика Британија.