Тони Блер: Луѓето кои одбиваат вакцина се идиоти

Поранешниот британски премиер Тони Блер ги оцени како идиоти лицата кои иако немаат медицински причини, одбиваат да ја примат вакцината против ковид-19.

„Искрено, ако не се вакцинираш, а можеш да ја примиш вакцината или немаш здравствени причини да не ја примиш, не само што си неодговорен, туку си и идиот“, рече Блер.

Во интервју за Радио Тајмс, Блер рече дека оние кои избрале да не се вакцинираат не треба да се третираат грубо, туку треба да се убедат да се вакцинираат.

„Може да има различни причини, но искрено – вакцинацијата е во нивен интерес, дури и ако го игнорираме јавниот интерес“, рече Блер.

Тој додаде дека одлуката за вакцинирање на деца помлади од 12 години „требало да биде донесена пред некое време“.

„Не знам зошто толку долго чекавме“, додаде тој.

Блер рече дека ја поддржува одлуката на британската влада да не воведува нови ограничувања пред Божиќ, но ја опиша одлуката како „неверојатно тешка“ и „ризична“.

Поврзани вести

Најважното