Тони Цетински стана дедо – се роди Елена!

Хрватскиот пејач Тони Цетински (52) на својот Инстаграм профил објави дека има внука.

„Се роди внуката Елена“ – напиша пејачот во честитката упатена до новите родители, а потоа напиша зборови полни со емоции.

„Сонцето на мојот живот – Елена! Што да кажам? Немам зборови. Децата се сонцето на нашите животи на кои мора да посветиме посебно внимание во овие луди времиња. Те сака Ноно Тони“ – додаде тој.

Инаку, новородената Елена е ќерка на синот на Тони, Кристијан (24), кого пејачот го доби во првиот брак со Антонела Бутиган.

„Кога бев на возраст од мојот син, подоцна станав татко. Но, во вистинско време. Сакав да доживеам да можам да бидам дедо, и да можам да трчам по моите внуци. Отсекогаш сакав да бидам млад дедо, така што мојата цел ќе биде постигната во август“- откри Тони кога дозна дека наскоро ќе има внуче.