Свет

Топлотен бран го зафати Рио де Жанеиро

Топлотен бран го зафати Рио де Жанеиро

Жителите на фавелите во Рио де Жанеиро се борат со високите температури, бидејќи градот бележи еден од најтоплите денови на летото.

Во средата времето беше топло и суво, попладневната влажност се спушти до 20 отсто, а температурите блиску до 40 Целзиусови степени во многу делови на Бразил, јавува Анадолија.

Според податоците од градскиот систем Rio Alert, во западниот дел на градот се забележани рекордни 44 степени Целзиусови, што е највисока температура од 2014 година.

Цивилната одбрана издаде предупредувања до локалните жители и туристите преку СМС пораки, советувајќи ги да преземат мерки на претпазливост во екстремни услови.

Градските власти соопштија дека е достигнато четвртото предупредувачко ниво на топлина, а петтото е максималното ниво.

Како одговор на високите температури, во градот се отворени бројни разладни места.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни