Силниот топлотен бран што ја зафати Велика Британија во последните денови од мај предизвика смрт на 17 лица. Осум дена по ред земјата се соочуваше со екстремно високи температури, кои ги натераа граѓаните масовно да бараат спас од жештините на морските брегови. Трагичните смртни случаи се регистрирани во неколку региони, вклучувајќи ги Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир.
Овој бран донесе и историски рекорди. На 26 мај Англија и Велс го забележаа својот најтопол мајски ден во историјата. Во Кју Гарденс живата во термометарот се искачи до речиси неверојатни 35,1°C, додека во Бјут Парк во Кардиф беа измерени 32,9°C. Времето почна да попушта веќе вчера, кога во Буши Парк во Ричмонд беа измерени максимални 24,7°C.
Според најавите на метеоролозите, од денеска се очекува значителен пад на температурите, придружен со силно невреме.