Свет

Топлото време ги помести тениските натпревари на ОИ

Поради екстремните временски услови, натпреварите на олимпискиот тениски турнир во Токио од денеска ќе почнуваат од 15 часот по локално време, четири часа подоцна отколку досега.

Светската тениска федерација соопшти дека одлуката за промена на термините е донесена во консултации со Меѓународниот олимписки комитет, Организацискиот одбор, судиите, докторите и тенисерите.

Поради големата влажност на воздухот, која денеска во Токио изнесува 72 отсто, и температури повисоки од 30 степени Целзиусови, претходно на тенискиот турнир Паула Бадоса од Шпанија доживеа топлотен удар поради што го предаде натпреварот против Маркета Вондрушова и го напушти теренот во инвалидска количка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни