Парче од торта од свадбата на принцот и принцезата од Велс ќе биде ставено на аукција.
Се работи за парче старо 40 години, односно откако британскиот престолонаследник Чарлс и Лејди Дијана го кажаа нивното судбоносно „да“.

Годишнината од „кралската венчавка од бајка“, кога наследникот на британската круна се ожени со срамежливата 20-годишна Дијана Спенсер, на 29 јули 1981 година во лондонската катедрала „Сент Пол“, е денеска.
Но, нивната брачна среќа не траеше долго. Тие се разделија 11 години подоцна, во 1992 година, а официјално се разведоа во 1996 година.
Кришката од марципан како основа и со шлаг, е едно од 23-те тогашни свадбени парчиња. Содржи прелив од шеќер што го пресликува кралскиот грб во златно-црвено-сино-сребрена боја.
