На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази сочувство за трагичниот настан што ја потресе државата, во кој мајка и ќерка починаа по пад од зграда во Карпош.
Тошковски информираше дека на 02.03.2026 година околу 14:00 часот во Министерство за внатрешни работи била примена пријава од случаен минувач, кој пријавил дека мајка и девојче паднале од зграда. Полицијата веднаш излегла на терен и започнала со преземање мерки.
Според неговите информации, настанот имал претходница. Истиот ден во 12:05 часот била поднесена пријава, по што бил извршен разговор со Ивана. Таа, како што беше наведено, изјавила дека станува збор за недоразбирање и дека не бара полициска интервенција, додавајќи дека брачните односи ги решава во бракоразводна постапка. Била составена службена белешка, која ја потпишала сега починатата Ивана.
Министерот посочи дека сите околности детално се документираат и ќе бидат предмет на понатамошна анализа.
Тој информираше дека Стојанче Јовановски е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
