Живот

Трагедија го потресе спортот – почина поранешен ракометар на Партизан и Црвена ѕвезда

Трагедија го потресе спортот – почина поранешен ракометар на Партизан и Црвена ѕвезда

Ненадејно почина Никола Лазиќ, поранешен ракометар на Партизан.

Црно-белите се простија од него со кратка порака:

„Ракометниот клуб Партизан упатува последна поздрав до својот поранешен играч Никола Лазиќ.

Веста за неговата прерана смрт не изненади и не потресе, разбудувајќи ги спомените од деновите кога како 18-годишник го носеше црно-белиот дрес.

Клубот изразува најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски“, се наведува во прошталната порака на црно-белиот тим.

Не е познато што довело до трагичната смрт на играчот роден на 19 јули 1989 година.

Лазиќ во својата кариера, меѓу другото, настапуваше за Црвена Звезда, Гранољерс, Вила Арнада, унгарски Балмажујварош, Баја Маре и Сата Маре од Рзмунија, додека во Либија го носеше дресот на Итихад, а во Тунис Ел Масерем Махиди.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни