Македонија

Трагедија ја потресе Македонија, во тешка сообраќајна несреќа загина 28 годишен мотоциклист

Трагедија ја потресе Македонија, во тешка сообраќајна несреќа загина 28 годишен мотоциклист

На 22.06.2023 во 18.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, радовишко, на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(30) и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од С.Т.(28), двајцата од село Ораовица.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш.

Увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа од Полициска станица Радовиш.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни