Вистинската драма се одвивала синоќа еден час по полноќ на аеродромот „Никола Тесла“ кога патникот Н.Л. (64) се разболел штом му слетал авионот од Тунис.
Според информациите, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш дошле на помош, но човекот не можел да биде спасен.
До него била неговата сопруга. Таа неофицијално изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Дека итно бил примен во амбулантата, но и покрај напорите на лекарите, не можел да биде спасен.
За случајот било информирано Вишото јавно обвинителство, кое наредило обдукција на телото на несреќниот маж.
Како што дознаваме, на телото на Н.Л. не се забележани повреди што би укажувале на насилна смрт.
Читај и ова:
- 1.ФОТО Пожар во Илинден – огнот се приближува до куќите
- 2.Кривична пријава против самостоен инспектор од СВР Битола – оддавал службени тајни
- 3.Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна
- 4.Руски дрон погоди станбена зграда во Полска, објавија локалните медиуми
- 5.Дневен хороскоп за среда, 10-ти септември 2025 година!