Македонија

Трагедија! Познат хирургот-специјалист од Струга почина од коронавирус

Од компликации со коронавирусот почина 60-годишниот хирург-специјалист д-р Владимир Кочоски, пишува СДК.мк

Од таму велат дека д-р Кочоски две недели се лечел од ковид-19 на скопската Инфективна клиника и по добиениот негативен тест, ден пред неговото пуштање дома, нагло му се влошила состојбата поради нарушените витални органи од опасниот вирус.

Итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), но не успеал да се избори со компликациите кои биле предизвикани од вирусот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни