Трагедија во Грција: Почина 16-годишно момче – доживеало епилептичен напад во морето!

Голема трагедија се случи денес во Ханиоти, популарно одморалиште на Халкидики, кога шеснаесетгодишно момче од Бугарија го загуби животот откако доживеа епилептичен напад во морето.

Според очевидци, во еден момент младото момче почнало да плови по водата, без никој од присутните веднаш да сфати што се случува. Дури кога еден човек го забележал и го извлекол од морето, станало јасно дека станува збор за сериозна ситуација.

Неколку луѓе кои се нашле на плажа веднаш се обиделе со реанимација, но за жал, и покрај сите напори, не можеле да го реанимираат. Брзата помош која пристигнала по само неколку минути можела само да констатира смрт на младото момче.

Според неофицијални информации, момчето доживеало епилептичен напад во водата, што за жал довело до трагичен исход.