Четири лица загинаа во падот на медицинскиот хеликоптер „Ми-2“ во централниот руски регион Киров, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Хеликоптерот, управуван од еден пилот и во кој имало лекар и двајца болничари, се урнал во шума во близина на селото Беленки, на околу 700 километри источно од Москва, се наведува во соопштението.
Спасувачите ги пронашле сите четири тела.
Властите сè уште не ја соопштуваат причината за несреќата, пренесе АП.
„Ми-2“ е мал хеликоптер со советски дизајн кој се користи за различни намени.