Македонија

Трагедија во скопско Глуво – снаата со возило го удрила свекорот кој починал на лице место

На 29.10.2022 во 13.30 часот било пријавено дека во с.Глуво-скопско И.С.(30) движејќи се во двор од куќа со патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, удрила во нејзиниот свекор Б.С.(84), кој починал на местото на настанот.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено во Судска медицина за обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни