Најмалку седум рудари загинаа, а повеќе од 20 се водат како исчезнати , откако обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето што ги затрупа во тунелот што незаконски го ископаа во рудник за бакар во Замбија, соопштија денеска полицијата и локалните власти.
Сè уште не се пронајдени тела по свлечиштето што го затрупа рудникот во четвртокот вечерта, соопшти полицијата, пренесоа агенциите.
Се претпоставува дека исчезнатите се мртви, а се верува дека многумина се удавиле.
Тие ископувале бакарна руда во отворениот коп Сесели, во градот Чингола, околу 400 километри северно од главниот град Лусака, соопшти полицијата, наведувајќи ги имињата на седумте потврдени жртви.
Полицијата, сепак, не може да каже точно колку рудари се уште се заробени во тунелите. Окружниот комесар на Чингола, Рафаел Чумупи, во изјава за агенциите тврди дека ги има најмалку 36.
– Со тага слушаме за трагичната несреќа во импровизираниот рудник во Чингола која однесе многу животи – објави претседателот на Замбија, Хакаинде Хичилема, пренесе Танјуг.
Замбија е меѓу првите 10 производители на бакар во светот.