Александар Трајковски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба и вработен во Царинската управа на РМ, кој беше на заедничката готографијата со Никола Груевски низ улиците на Будимпешта, денеска беше присутен во Судот на рочиштето за насилството во Општина Центар. Обвинителката Фатиме Фетаи побара објаснување за неговото патување.
„Бев во Унгарија да барам второ мислење за мојата болест. Побарав мислење од доктори, за сето ова имам документација која ќе ја доставам до судот. Таму заминав самоиницијативно на своја воља“, рече Трајковски.
Трајковски е вработен во Царинската управа на Република Македонија, а беше фотографиран од Унгарија заедно со екс премиерот Груевски. Од Царина информираа дека Трајковски бил на боледување од 5. декември.
