Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека претседателот Џозеф Бајден е „опкружен со фашисти во Овалната соба“.
На предизборниот митинг во саботата, Трамп го коментираше неговото судење во кое е обвинет за давање мито за да ги прикрие интимните средби со поранешната ѕвезда на филмови за возрасни Сторми Даниелс, пишува Politico.
– Целиот овој прогон се случува само затоа што се кандидирам за претседател. Да не водев многу на анкетите и да не се кандидирам за претседател, немаше да ме прогонуваат – изјави Трамп.
Трамп го зголеми бројот на напади врз американскиот правен систем и Бајден од почетокот на неговото судење, па минатата недела го обвини Бајден дека „водел администрација на Гестапо“.