Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека со испраќањето војници во Лос Анџелес, го спасил тој град од уништување.
„Да не испратев војници во Лос Анџелес, тој некогаш прекрасен и величествен град ќе изгореше до темел во текот на изминатите три ноќи, исто како што 25.000 домови изгореа во Лос Анџелес поради некомпетентен гувернер и градоначалник“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Тој истакна дека се обезбедени федерални дозволи за изградба на нови куќи, наместо оние што неодамна беа изгорени во пожари.
Трамп: Да не испратев војници во Лос Анџелес, тој град ќе изгореше до темел