Американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали одлуката на неговиот руски колега Владимир Путин да присуствува на самитот на 15 август во Алјаска.
„На почетокот Путин не сакаше да лета за САД, но навистина го ценам тоа што го направи“, рече Трамп на прес-конференција по средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг, според американските медиуми.
По тој повод, претседателите на САД и Русија разговараа за можните начини за решавање на украинскиот конфликт и позитивно го оценија исходот од средбата.
Рубио и европските министри ги продолжуваат дипломатските напори
Во исто време, американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со министрите за надворешни работи на Украина, Велика Британија, Германија, Италија, Полска, Финска, Франција и шефот на европската дипломатија, Каја Калас.
Како што објави Стејт департментот, учесниците се согласија да продолжат со заедничките дипломатски напори за завршување на војната во Украина преку трајно договорено решение.