Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека ќе биде затворен воздушниот простор над Венецуела и околните подрачја.
Во порака објавена на платформата Truth Social, Трамп им се обрати на авио-компаниите и на сите кои оперираат во регионот:
Порака до сите авиокомпании, пилоти, дилери на дрога и трговци со луѓе: разгледајте го целосното затворање на воздушниот простор над и околу Венецуела“.
Според најавите на неговата администрација, се подготвуваат дополнителни мерки за пресекување на каналите за трговија со дрога. Вашингтон го обвинува венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека има улога во криминалните мрежи поврзани со криумчарење дрога кон САД, обвинувања кои Мадуро ги негира.
