Свет

Трамп: Хамас не сакаше договор за прекин на огнот

Трамп: Хамас не сакаше договор за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека токму Хамас не сака да постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците што ги држи групата, објави Ројтерс.

Претходно, специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека последниот одговор на Хамас на разговорите покажува „недостаток на желба“ за постигнување примирје и ја повлече американската делегација од разговорите.

Од друга страна, претставникот на Хамас, Басем Наим, потврди дека групата очекува разговорите за прекин на огнот со Израел да продолжат следната недела.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни