Свет

ТРАМП ИТНО СЕ ОГЛАСИ: Трагедијата во Авганистан не требаше да се случи!

Најмалку 60 Авганистанци и 12 американски војници загинаа во денешните бомбашки напади во близина на аеродромот во Кабул, пренесува АП, повикувајќи се на американски и авганистански официјални лица.

Во оваа прилика зборуваше и Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД.

– Меланија и јас упатуваме најдлабоко сочувство до семејствата на нашите брилијантни и храбри припадници на службата на кои должноста кон државата им значеше толку многу. Нашите мисли се и со семејствата на невини цивили кои починаа денеска – се наведува во соопштението на Трамп.

– Оваа трагедија никогаш не смееше да се случи, што ја прави нашата тага уште подлабока и потешка за разбирање – се додава во изјавата на поранешниот претседател на САД.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни