Свет

Трамп: Можна е уште една 90-дневна пауза за царините!

Трамп: Можна е уште една 90-дневна пауза за царините!

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е малку веројатно уште едно одложување на повисоките, таканаречени реципрочни царини, кои планира да ги воведе во голем број земји, со што се зголемува притисокот врз тие земји да преговараат за трговски договори со неговата администрација, објави Блумберг.

Трамп оцени дека е малку веројатно да биде одобрена уште една 90-дневна пауза за најскапите царини.

Тој исто така нагласи дека нема да ги укине царините за увоз од Кина, втората по големина економија во светот, освен ако Пекинг не понуди „нешто значајно за возврат“.

Американскиот претседател истакна дека верува оти финансиските пазари се прилагодуваат на неговата тарифна политика, намалувајќи ја нестабилноста што ги погоди пазарите на акции и обврзници овој месец, откако тој ги објави плановите за воведување повисоки царини за увоз од околу 60 земји, американски трговски партнери, додаде Блумберг.

Трамп, кога станува збор за отстапките што би сакал да ги види од Пекинг, рече дека би сакал Кина да ја отвори својата економија, но дека не е сигурен дека тоа ќе биде тема во преговорите за царината, пренесува Танјуг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни