Свет

Трамп: Не е исклучена употребата на војска во Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека праќање на американска војска во Венецуела е една од опциите во решавањето на кризата во таа земја.

Запрашан што би го поттикнало да испрати војска во таа земја, Трамп одговори дека не сака да каже, но потврди дека испраќање на војска е опција.

Американскиот претседател наведе дека социјалистичкиот претседател Николас Мадуро, барал средба со него пред неколку месеци. Не сакал да се сретне поради тоа што сметал дека „премногу лоши работи се случувале во Венецуела“.

„Тоа беше најбогатата земја во тој регион. А сега гледаме само сиромаштија“, нагласи Трамп.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни