Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа во Алјаска за да разговараат за решавање на конфликтот во Украина. По приватните разговори, двајцата лидери се обратија до новинарите и, иако двајцата нагласија напредок, состанокот заврши без конкретен договор, објави Ројтерс.
Трамп претпазливо оптимистички
Доналд Трамп призна дека сè уште има точки на несогласување, велејќи дека нема договор сè додека не се постигне договор. И покрај напредокот, тој призна: „Не постигнавме договор“. Тој изјави дека многу точки се договорени, но дека останале неколку, од кои една е најзначајна, но не прецизираше која.
Тој најави дека наскоро ќе разговара по телефон со украинскиот претседател Зеленски и европските лидери и НАТО, додавајќи дека одлуката на крајот зависи од нив.
„Имавме продуктивен состанок на неколку големи теми. Нема договор сè додека не постигнеме вистински договор. Наскоро ќе се јавам во НАТО. Исто така, ќе се јавам и на разни други луѓе за кои мислам дека се соодветни. И, секако, ќе го повикам претседателот Володимир Зеленски за да го известам за денешната средба. На крајот на краиштата, тоа е нивна одлука“, рече Трамп по самитот.
„Имавме многу продуктивен состанок и многу работи беа договорени“, рече Трамп, додавајќи: „Сè уште не сме таму, но имаме многу добри шанси да стигнеме таму“.
Трамп додаде дека Украина ќе мора да се „согласи“ со она што државниот секретар Марко Рубио, специјалниот претставник Стив Виткоф и други членови на неговата администрација го разговарале со Путин, но не откри детали за можна рамка за договор.
Трамп истакна дека постигнале напредок во голем број точки. „Имаше многу, многу точки за кои се согласивме“, рече тој. „Би рекол неколку големи, но сè уште не сме баш таму, постигнавме напредок. „Нема договор додека не се постигне вистински договор“.
Тој, исто така, најави дека ќе ги информира НАТО и украинскиот претседател Володимир Зеленски за деталите од состанокот. „Ќе почнам да се јавувам по телефон и ќе им кажам што се случило“, додаде тој. „Имавме многу продуктивен состанок и за многу работи се договоривме, останаа многу малку. Некои не се толку значајни, една е веројатно најзначајната, но имаме многу добри шанси да го завршиме“, заклучи Трамп.
Нова средба на повидок?
На крајот од своето обраќање, Трамп рече дека веројатно наскоро повторно ќе се сретне со рускиот лидер, на што Путин веднаш одговори: „Следниот пат во Москва“.