Свет

Трамп нема да учествува на форумот во Давос, причина несогласувањата за ѕидов со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп го откажа присуството на Светскиот економски форум во Давос. Причината е несогласувањето со демократите околу изградбaтата на граничниот ѕид со Мексико. Соединетите Американски Држави речиси цели три недели имаат делумна блокадата на администрацијата. При посетата на границата со Мексио, во долината Рио Гранде во Тексас, Трамп уште еднаш се закани дека ќе прогласи национална вонредна состојба, со цел да го изгради граничниот ѕид, кој како што вели ќе ја спречи илегалната миграција и ќе биде во функција на безбедноста на САД.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни