Свет

Трамп одобрил стрелање на мајор од американската армија: Прво вакво погубување од 1945 година

Трамп одобрил стрелање на мајор од американската армија: Прво вакво погубување од 1945 година

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил Нидал Хасан, кој е осуден на смртна казна поради нападот во воената база Форт Худ во Тексас во 2009 година, да биде погубен со стрелање.

Пентагон соопшти дека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет препорачал таков начин на извршување на смртната казна, што Трамп го одобрил, пренесе Си-Ен-Ен.

Хегсет ќе го одреди времето и местото на извршувањето на казната.

Зошто е осуден на смрт?

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, наведе дека Хасан за време на нападот убил 13 лица, а ранил уште 32, пренесе Танјуг.

Нидал Хасан бил припадник на американската армија – воен психијатар и мајор на копнените сили на САД. Поради тоа, неговиот случај се водел пред воен суд.

Во времето на нападот во Форт Худ во 2009 година, тој бил активен припадник на американската армија.

Американската армија последен пат погубила свој припадник со стрелање во 1945 година, кога во Франција поради дезертерство бил стрелан војникот Еди Словик.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни