Свет

Трамп: САД и Канада нема да ги обноват трговските преговори

Трамп: САД и Канада нема да ги обноват трговските преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација веројатно нема да ги продолжи трговските разговори со Канада, но истакна дека има добри односи со канадскиот премиер Марк Карни.

„Не, но имам многу добри односи… Многу ми се допаѓа, но знаете дека она што го направија беше погрешно. Беше многу фин – се извини за она што го направија со рекламата“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион кога беше прашан за продолжувањето на преговорите, според Си-Ен-Ен.

Трамп минатата недела објави дека ги прекинува трговските разговори со Канада како одговор на рекламата објавена од владата на канадската покраина Онтарио, во која имаше аудио-снимка од говорот на поранешниот американски претседател Роналд Реган во кој ги критикуваше царините за странски стоки, тврдејќи дека тие водат до трговски војни и губење на работни места.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни