Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека го поддржува НАТО 100 отсто, но повтори дека земјите членки треба да ги зголемат своите воени трошоци. Неговата изјава уследи откако повторно се појавија сомнежите за американскиот ангажман во Алијансата.
Американскиот весник Њујорк тајмс на почетокот од неделата повикувајќи се на неименувани високи претставници објави дека Трамп минатата година повеќе пати на приватни средби го поставил прашањето за иднината на САД во НАТО односно за повлекување на земјата од Алијансата.