Свет

ТРАМП ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА: Да не го направевме тоа, Лос Анџелес ќе беше целосно уништен

ТРАМП ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА: Да не го направевме тоа, Лос Анџелес ќе беше целосно уништен

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека демонстрантите ќе го уништеле Лос Анџелес доколку не ја распоредел Националната гарда.

  • Донесовме правилна одлука да ја распоредиме Националната гарда за да ги смириме насилните немири во Калифорнија. Доколку не го сторевме тоа, Лос Анџелес ќе беше целосно уништен – напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Тој, исто така, ги обвини гувернерот и градоначалникот на државата дека „го лажат американскиот народ“ нарекувајќи ги немирите „мирни протести“.

Трамп нагласи дека владата ќе стори сè што е потребно за да ја обезбеди безбедноста на граѓаните на земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни