Собранието да придонесат кон јакнењето на правната држава, со тоа што ќе дадат поддршка за Законот за Јавното обвинителство, вели министерката за правда Рената Дескоска. Таа додава дека извесно е дека предметите на СЈО ќе продолжат пред судовите.
“Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септември да нема Специјален јавен обвинител, да нема некој кој ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета – но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во републичкото Јавно обвинителство. Целосно се тргна и можноста за било какво негативно влијание од мислењето на Врховниот суд. Сепак, правниот систем покажа дека функционира, дека постојат механизми кои оневозможуваат блокада. Затоа е бесцелно неконструктивното однесување на било кој во процесот на носење на законот“, потенцираше министерката за правда.
Во пресрет на одлуката за датум за преговори, Дескоска апелираше државните интереси да бидат ставени пред партиските: Можеби носењето на законот веќе не е нужно заради продолжување на предметите на СЈО, но потребен е заради исполнување на обврските од Стратегијата за реформа во правосудниот сектор.