Свет

Трауматизирано момче секоја вечер спие во јакна: По разорниот земјотрес во Турција се се смени

Трауматизирано момче секоја вечер спие во јакна: По разорниот земјотрес во Турција се се смени

Една година по разорните земјотреси, синот на Мустафа сè уште облекува капут кога легнува за да биде „топол и подготвен ако повторно се затресе земјата“.

Една година од разорните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што ги погодија Туска и Сирија, последиците се уште се присутни и очигледни. Менталната траума е онаа која останува во текот на животот, а забележана е кај 14-годишниот Мустафа, кој секоја вечер спие во јакна.

Експертите велат дека тоа е трауматична реакција на фаталните земјотреси што се случија на 6 февруари 2023 година, во кои животот го загубија повеќе од 50.000 луѓе.

Четиричлено семејство длабоко спиело во своите кревети во Газиантеп, југоисточна Турција, кога го почувствувале земјотресот во раните утрински часови.

„Ме разбуди сопругата, го грабнав мојот помал син Дија, кој имаше две години и истрчавме по скалите од зградата“, изјави Мустафа Алокуда Нуредин.

„Зградата не се тресеше, играше. Кога излеговме надвор, бевме боси, имаше снег на земја“, објасни тој, пренесува Метро.

Семејството стоеше треперејќи, студено и исплашено, шокирано гледајќи што се случува. Тие чекаа можност да се вратат во својот стан, но потоа, 40 минути подоцна, следеше нов земјотрес.

„Беше ужасна ситуација. Се што научивме за тоа како да бидеме безбедни кога ќе се случи земјотрес, не успеав да го искористам. Ми рекоа да одам под масата, но истрчав од зградата. Ме фати паника. Кога тоа се случува, не можете да се контролирате, беше страшно“, објасни тој.

За среќа, семејството успеало да побегне на безбедно место. Но, една година подоцна, нивниот син сè уште облекува палто кога легнува за да биде „топол и подготвен ако земјата повторно се затресе“.

Мустафа се смета себеси за среќен човек откако преживеа толку силен земјотрес. За жал, некои постари и изнемоштени соседи не успеаја да побегнат од своите станови, а соседната зграда се урна во првиот земјотрес и животот го загубија дури 37 лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни