Македонија

„Треба да се прават многуповеќе тестови, серолошки PCR, брзи… да се детектираат сите кластери – потреба ни е вистинска победа на вирусот, а не политичка“, бара Мицкоски

Лидерот Мицкоски запрашан околу актуелната состојба со коронавирусот и тестовите кои се прават, во Клик Плус на ТВ21 рече дека треба да се праваш многу повеќе тестови од оние сега што се.

„Уште повеќе треба да се прават и скрининзи, уште повеќе и тестови. Серолошки со земање крв, брзи тестови кои се прва индикација дали има вирус во организмот, па потоа дури оние PCR тестови. Молиме да се прават што повеќе тестови и да се детектираат сите нови и стари кластери. Треба да дојдеме до вистинска победа, а не политичка“, рече Мицкоски.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни