Многу сензационалистички наслови и дискусии се јавија по објавата дека се појави нов сој на корона. Ламбда-сојот, именуван по 11-та буква од грчката азбука веќе го има во 27 земји. Но, дали тој може да ја „пробие“ вакцината, прашува статија на IFL Science?
Најголемата загриженост околу овој вид е дали протеинските мутации ќе влијаат на ефективноста на вакцините. Светската здравствена организација почна да го прати овој ламбда-сој затоа што вирусот покажува генетски промени за кои се предвидува или се знае дека влијаат на неговото пренесување и сериозноста на болеста.
Властите во Перу, од кај што лани се појави овој сој, објавија дека 81 процент од случаите на коронавирус од април 2021 година се поврзани со ламбда-сојот. Англија пријави шест случаи на овој вид, сите поврзани со патувања во странство. Шилестиот протеин во ламбда сојот содржи нови мутации, наречени L452Q и F490S, во доменот што го врзува рецепторот. Овој рецептор е „клучот“ што вирусот го користи за врзување и влегување во клетките домаќини.
Сепак, во извештајот на Светската здравствена организација од 15 јуни, се вели дека ламбдата е одговорна за значителни стапки на пренесување на корона во неколку земји, особено Чиле, Перу, Еквадор и Аргентина.