Поврзи се

Македонија

Трета седница на Владата – усвоени неколку предлози

Published

on

На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и тоа:

-Текстот продолжува по рекламата-
  • Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.
  • Бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата.

Исто така, Владата ги усвои предлозите во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 да се додадат два нови става во насока:

  • Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, да се приложува кога детето има над 10 години,
  • Државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Република Северна Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија и во случај на транзитирање низ државата.

Во рамки на својата трета седница Владата одлучи да ја предложи измената и дополнувањето на Законот за судски такси, со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати.

Loading...

Досегашната максимална висина на таксата за физички лица беше 48.000 денари, а со предложените измени, висината на таксата за физички лица се  ограничува најмногу до 6.000 денари. Намалувањето на висината на судската такса е во насока на олеснување на пристапот до правда на граѓаните.

На денешната седница, членовите на Владата го разгледаа и усвоија збирниот Извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Македонски Брод и Ресен задолжувајќи го Министерството за финансии да подготви Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година за парична помош во висина од 30 проценти од износот на проценетата штета на Општина Ресен.

Владата го усвои предлогот од Комисијата дека штетите во Општина Македонски Брод не се од поголем обем.

Владата укажува, надлежните во Општина Ресен во рок од 30 дена од добивање на средствата да изготват и достават Извештај за распределба на средствата до Владата и до Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди.

Владата денеска повторно го разгледа и усвои Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, кој ќе биде испратен до Собранието на РСМ на усвојување.

Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација усогласен со сите ЕУ директиви и меѓународни стандарди, кој беше усвоен од страна на Собранието на Република Северна Македонија во мај 2019 година. Со Одлука на Уставниот суд од мај 2020 година беше укинат во  согласност со член 75 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија.

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанската комисија, од Обединетите нации, од Европската Унија и од ОБСЕ-ОДИХР, кои оценуваат дека Република Северна Македонија, со ова ново законско решение, прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го  законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди за човекови права. Со законот се уредуваат превенцијата и  забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација како и  составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Владата го разгледа и одобри и Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за автокампови и Законот за скијалишта, заради потребата да се изврши усогласување со Законот за инспекциски надзор и Законот за прекршоците.  

На денешната седница беше разгледана и усвоена Информацијата за ревидиран  Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година. Активните програми за вработување и услугите на пазарот на трудот имаат за цел да ја зголемат вработливоста на невработените лица преку различен вид на програми и мерки  со обезбедување на поддршка за креирање на нови работни места, обуки, работно ангажирање, како и обезбедување на услуги на невработените лица. Согласно Информацијата, на предлог на Агенцијата за вработување планираниот опфат за субвенционирање на плати се зголемува на 1.974 лица, наместо планираните 1.624, односно наместо 361,288,000,00 за оваа мерка ќе зголемат средствата на 441,088,000,00 денари. Дополнителните средства ќе бидат обезбедени од нереализираните средства од останатите мерки кои беа донесени за намалување на невработеноста. Според Информацијата поднесена од Министерството за труд и социјална политика од ИПА Акциската програма за 2020 година, сектор Конкурентност, иновации, земјоделство и рурален развој, се предлагаат две активни мерки, за самовработување (претприемништво) и формализација на постојни бизниси во услови на КОВИД-19, со која  се овозможува отворање вкупно 700 самовработувања, како и поддршка на микро, мали и средни претпријатија погодени со КОВИД-19 и финансиска поддршка за секое новоотворено работно место.

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за отпочнување со реализација на проектот „Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“, општина Штип“ и даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од Буџетот, со буџетски средства од Министерството за транспорт и врски во вкупна вредност од 460 милиони денари со ДДВ, за период до 2023 година.

Исто така, владините претставници ја разгледаа и усвоија и Информацијата во врска со назначувањето на националниот оператор на пазар на електрична енергија „МЕМО ДООЕЛ“ – Скопје за оператор на организираниот пазар на електрична енергија и на предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија  ја донесе Одлуката за назначување на операторот на пазарот на електрична енергија за оператор на организираниот пазар на електрична енергија.

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Тема на денот: Како ќе функционира власта, а како опозицијата во тазе оформениот парламент?

Македонија

Избегнат инцидент на етничка основа – свадбари тргнале по невестата, ги пресретнале „Комити“

4NEWS.mk

Идентификувана жената која испрати писмо со отров доТрамп

Македонија

Филипче: Најостро го осудувам нападот на колегата лекар – институциите целосно да го истражат случајот

4NEWS.mk

Има ли ефект засилената контрола на сообраќајната полиција на мотоциклистите во Скопје?

Македонија

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

4NEWS.mk

Во Струмица полицијата делеше едукативни материјали по повод Европската недела на мобилност

Македонија

Нападнат лекар од токсикологија, завршил на Ургентен

4NEWS.mk

Нов протест на мајките на породилно

Македонија

Селмани за најавените субвенции на вработувања по етнички клуч: „ДУИ, па дури и СДСМ, ветуваат сѐ за да привлечат што повеќе гласачи“

Македонија

Црногорската амбасадорка го прекршила протоколот за облекување на состанокот со вицепремиерот Груби

4NEWS.mk

ЕКСКЛУЗИВНО: Бугарскиот меморандум во целост објавен

Македонија

ФОТО: Протест на ВМРО-ДПМНЕ

4NEWS.mk

СДСМ: Нема да коментираме ставови од земја каде има политичка дестабилизација

4NEWS.mk

Ѓоргиев за Сител: Архивите откриваат дека Гоце бил и Бугарин и Македонец

Македонија

Груби: ТАВ Македонија нема да гради аеродром во Штип, средствата ќе се пренасочат за подобрување на животната средина

Македонија

По барањето на Бугарија – Џафери: Идентитетот на граѓаните е потврден

Македонија

ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

Македонија

Албанскиот јазик отстранет од меморандумите! Царовска вели нема промени, но соопштенијата се испраќаат само на македонски

Македонија

МВР: Отказ за советникот на екс министерот Чулев поради насилно и недолично однесување

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com