Свет

Третата рунда преговори меѓу Украина и Русија е во понеделник

Третата рунда преговори меѓу Украина и Русија е во понеделник

Третата рунда разговори меѓу Украина и Русија ќе се одржи во понеделник, пренесоа светските агенции. Веста ја соопшти Давид Арахамија, кој е лидер на пратеничката група на украинската владејачка партија „Слуга на народот“.

Арахамија е и член на украинската делегација на преговорите со Русија.

Во претходната рунда разговори во четвртокот, двете страни се согласија да отворат хуманитарни коридори за да може цивилите да бидат повлечени од некои борбени зони, но имаше одложувања во спроведувањето на механизмот, објави Ројтерс.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни