“Заедно сонуваме и менуваме, за подобар свет, за сите„
Стопанска банка АД – Скопје го реализираше и третото издание на „Сонуваме.Менуваме“, настанот кој ја промовира инклузијата на децата со посебни потреби и ја поттикнува емпатијата кај сите нас. По две години успешна реализација на настаните, кампањите и донациите кон асоцијациите на деца со посебни потреби, оваа година, како прв настан со кој Банката почнува да ја слави својата 75 годишнина, „Сонуваме.Менуваме“ прерасна во уште поголем спектакл и доживување кое ќе се памети.
На сцената на МОБ (Македонска Опера и Балет), детските миленици 5+ Фамилија приредува едночасовно шоу во кое вклучени беа повеќе деца со посебни потреби кои ја збогатуваа програмата и рамноправно со актерската екипа, гласно и недвосмислено ја промовираа инклузијата. Со оглед на тоа што клучна публика на концертите ни се децата кои целосно веруваат на ликовите од серијата 5+ Фамилија, се надеваме дека пораката од настанот ќе биде одлично прифатена и ќе создадеме општество какво што сонуваме да имаме.
Посетители на настаните беа и повеќе асоцијации надвор од Скопје за кои Банката покрај влезници, обезбеди превоз и храна.
Петте концерти “Сонуваме.Менуваме“ се одржаа во МОБ со овој распоред:
Сабота 15.12 од 11, 14 и од 17 часот
Недела 16.12 од 11 и од 14 часот
Поради хуманитарниот карактер на настанот, во продажба беа пуштени билети по симболична цена од 100 денари и сите овие средства се вклучуваат во фондот за донации кој Стопанска банка го обезбеди за реализација на грантови за асоцијациите на деца со посебни потреби.
„СонувамеМенуваме прерасна во традиција и среќни сме што токму со овој проект почнуваме да ја одбележуваме нашата 75 годишнина. Кога компанијата има богата историја значи дека е вткаена во историјата на државата, на граѓаните и на компаниите и остава траен белег врз општеството. Како општествено одговорна компанија секогаш сме на страната на оние кои не се плашат да го остварат својот сон, даваме поддршка, заедно туркаме напред и создаваме подобар свет за сите. Им посакувам на децата кои ќе учествуваат, но и оние кои ќе ги следат концертите да работат сложно за посветла иднина, ја имаат нашата поддршка секако.“ – изјави г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.
Во продолжение се одобрените грантови од страна на комисијата за 2018та година со што вкупниот буџет доделен досега од страна на Банката надминува 45.000евра:
| Здружение на лица со ЦП од Велес | 50 лица со хендикеп | Реконструкција на објектот кој го користат: замена на прозори, врати, плочки, ламинат и тоалет. Износот е само дел од проектот, останатите средства ги имаат обезбедено. | 2,000.00 |
| НВО Имаго плус – Скопје | 87 деца со посебни потреби (албански, турски и македонски), Скопје | Набавка на опрема за центарот: маси, столици, проектор, платно, лаптоп, печатар и тонер, фотоапарат | 1,500.00 |
| Види ме – здружение на слепи лица Скопје | Деца на школска возраст со оштетен вид од Скопје | Набавка на софтвери за читање, брајов дисплеј и скенер | 1,138.00 |
| Завод за рехабилитација на деца со оштетен вид, слух и говор Кочо Рацин, Битола | Деца со телесен инвалидитет кои треба да го користат објектот за настава | Набавка на лифт кар за пренос на децата со телесен инвалидитет низ објектот да можат непречено да следат настава | 3,000.00 |
| Трисомија 21 | Лица со Даунов синдром, Скопје | Продолжување на ангажманот на логопед и дефектолог за работа со членовите на здружението | 2,000.00 |
| Ластовица – Асоцијација за деца и младинци со посебни потреби | Лица со посебни потреби од 1 до 25 години | Набавка на апарат за неурофидбек и обука за стручни лица | 1,600.22 |
| ООУ Кузман Јосифовски – Питу, Скопје – посебна паралелка за деца со оштетен слух | Деца на школска возраст со оштетен слух од Скопје | Набавка на смарт табла и проектор | 895.69 |
| ДУ за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје | Деца на школска возраст со оштетен вид од Скопје | Набавка на армоника за музичка школа | 813.01 |
| Дневен центар за лица со церебрална парализа, Скопје | 36 корисници на возраст од 1 до 18 години | Набавка на адаптери за тоалет и венецијанери за новиот објект на центарот | 600.00 |
| Сплотени срца, Штип | Деца со посебни потреби од Штип, Карбинци | Софтвер за регистрар на деца со посебни потреби и софтвер за продажба на рачни изработки од децата | 1,500.00 |
Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна
