Три деца и кондуктер загинаа во сообраќајна несреќа во Индија

Три деца и еден кондуктер загинаа, а 15 деца се повредени кога училишен автобус се преврте во северната индиска држава Утар Прадеш, соопшти полицијата.

Локалниот полицаец Ајај Синг изјави дека повредените се пренесени во најблиската здравствена установа.

Тој рече дека децата се враќале од пикник во зоолошката градина во главниот град на државата Лакнау, а до несреќата дошло откако возачот нагло свртел за да избегне судар со мотоцикл што доаѓал од спротивната страна.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното