Македонија

Три години затвор за возачот кој прегази девојка кај Сити мол

Три години затвор за возачот кој прегази девојка кај Сити мол
Обвинетиот во случајот со тешката сообраќајна несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, од Основниот Кривичен суд – Скопје денеска беше осуден на казна затвор од три години. На пресудата ѝ претходеше признание на вина од страна на обвинетиот. Судењето го водеше судијката Љубинка Башевска. Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова. Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни