Три совршени летни рецепти – ручек готов за 20 минути

Во летните месеци предност му се дава на зеленчукот од кој можете да подготвите извонредни јадења. Ви нудиме неколку рецепти кои се едноставни за подготовка, а многу вкусни.

Макарони со туна – Потребно е:

300-350 грама тестенини 300 грама туна во парчиња неколку листови зелена салата 3 домати

За прелив

сок од еден лимон 50 мл маслиново масло сол крупно мелен бибер магдонос

Подготовка:

Сварете ги тестенините, исцедете ги и оставете ги да се оладат. Парчињата туна исцедете ги од нивниот сок и измешајте ги со тестенините. Додадете ги листовите салата сечени на парчиња и парчињата домат. Зачинете со дресинг од лимонов сок и маслиново масло и промешајте ја салатата. Внимавајте да не ги згмечите парчињата туна.

Лазањи со брокула – Потребно е:

пакување кори за лазањи 800 грама брокула сол, бибер 200 грама кашкавал

За бешамел сос:

100 грама путер 100 грама брашно 1 литар млеко лажичка сол

Подготовка:

Брокулите измијте ги, одделете ги на цветови и избланширајте ги. Корите за лазањи подгответе ги според упатството на пакувањето.

За бешамел сосот – на силен оган стопете го путерот, па додајте го брашното и пржете околу две минути со постојано мешање за да не ви загори. Потоа тргнете го од оган и ставете околу третина од количината на млеко и силно мешајте за да не останат грутки. Вратете ја смесата на шпорет и гответе на тивок оган со повремено додавање на преостанатото млеко. На крајот послолете го сосот и оставете го да се олади.

Во тава наредете ги лазањите, сосот, брокулите, ренданиот кашкавал, па повторете ја постапката додека не го потрошите материјалот. Кратко запечете во рерна.

Полнети тиквици – Потребно е:

2 поголеми тиквици лажица пармезан лажица сечкан магдонос прстофат босилок мала главица кромид 2 чешниња лук сол лажица кисела павлака сирење домат

Подготовка:

Исечете ја тиквицата на кругови дебели десетина сантиметри. Со лажица издлабете ги за да добиете корпа, а средината сочувајте ја. Тиквиците потоа малку посолете ги и истријте ги со кромид.

На малку зејтин пропржете го исечениот кромид и лук и средината од тиквичките. Додајте го исецканиот домат и зачини, па продолжете да пржите додека не испари сокот од доматот.

Во изладената смеса додајте го пармезанот и киселата павлака.

Тиквичките наредете ги во тава која претходно сте ја намачкале со зејтин, наполнете ги со филот и печете ги 15 минути на 180 степени.

Севрирајте и украсете со магдонос.