Три тела беа пронајдени во куќа во населбата Филипини во близина на Пореч, соопшти истарската полиција.
Како што пишуваат тамошните медиуми, телата се во полураспадната состојба.
Во тек е истрага на лице место за да се утврдат околностите на откривањето на тројцата мртви.
Со оглед на состојбата во која беа пронајдени телата, во моментов е тешко да се каже дали станува збор за насилство, како и да се утврдат идентитетите на починатите.
Надлежниот државен обвинител е на местото на настанот.
Наскоро повеќе детали…
