Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација денеска во Куманово ќе се одржи третата од серијата јавни трибини на тема: „Дигитализација на јавните услуги“.
На трибината ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација. Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.
За дигитализацијата на земјата ќе говорат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и Марија Крстевска, проектна координаторка во Центарот за интеркултурен дијалог.
