Нема ништо поиритирачко од средување на домот, темелно чистење на прашината, а таа повторно да се појави по 24 часа.
Сигурно досега сте пробале неколку начини да ја отстраните досадната прашина, а за ова решение има познатиот музеј „Смитсонијан“ од каде се наведува дека тајната состојка е глицеринот, кој можете да го купите во повеќето аптеки.
Имено, не е доволно само да се исчисти прашината, туку и да не се појави некое време.
Се што треба да направите е да измешате 5 литри вода со 3 лажици глицерин, да натопите крпа во оваа смеса и со неа да ги избришете подот, огледалата и мебелот, пишува 24сата.хр.
Исто така, глицеринот е ефикасен за отстранување на дамките од кафе или чај од облеката. На свежа дамка нанесете комбинација од кујнска сол и глицерин (во сооднос 1:1) и штом дамката избледе, измијте ја облеката на стандарден начин.
Со крпа со малку глицерин можете да третирате валкани делови од кожна облека или мебел.
За темелно чистење на прозорците, измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и на тој начин избришете го стаклото.
