AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Трик преку кој ќе заштедите струја – еве што треба да направите пред да ги ставите алиштата во машина за перење

Природното сушење на облеката, односно на тераса е секогаш подобро од машината за сушење. Со ова се заштедува енергија бидејќи само ја оставате надвор облеката, а исто така на облеката и се продолжува животниот век бидејќи не се „врти“ цело време во машината.

Но сепак, во зима немаме баш можност за сушење на облеката надвор, па затоа користиме машина за сушење, но дали сте знаеле еден трик кој ќе ви помогне повеќе да заштедите струја?

Имено, во машината за перење која има предно полнење треба да ставите само една осмина од препорачаната количина на детергент, додека пак машините кои се полнат одозгора ќе завршат одлична работа со една четвртина од детергентот.

Тука треба да го прескокнете омекнувачот бидејќи истиот е на база на масло, и со тоа се отежнува сушењето на облеката.

Тоа значи дека облеката ќе апсорбира повеќе течност на перењето, па поради омекнувачот, таа течност ќе испарува подолго.

Без омекнувач, можно е машината за сушење да ја заврши својата програма дури три пати побрзо.

Ставете ја машината за сушење во близина на прозорец или вентилација во просторијата за да може да циркулира воздухот и не преоптоварувајте ја бидејќи треба да има малку слободен простор за секое парче облека побрзо да се исуши.