Поврзи се

Македонија

Трипуновски: Димковски и Николовски исто земјоделско земјиште дале под концесија на две лица

Published

on

Љупчо Николовски и Трајан Димковски, во функција на министри за земјоделство, едно исто земјоделско земјиште дале под концесија на две различни лица, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Ова е Фиком 2, само во земјоделска варијанта, каде овој пат во главна улога се лица функционери на СДСМ. На 26.12.2018 година Љупчо Николовски како тогашен министер за земјоделство склучува договор за закуп на државно земјоделско земјиште во КО Нова Брезница, Кисела Вода со лицето Г.Ѓ. со времетраење од 70 години, а на 17.07.2019 година Трајан Димковски во улогата на министер за земјоделство склучува договор за закуп на истото зземјоделско емјиште кое веќе се наоѓа под закуп, овој пат со лицето В.Т., рече Трипуновски.

-Текстот продолжува по рекламата-

Според него, вториот договор за земјиштето е склучен без претходниот да биде раскинат.

-Моментно, формално-правно и двата договора се во правна сила, а и на двата договора како потписник – согласен административниот службеник стои Жанета Горгиевска, која важи за десна рака на Николовски и Димковски. Трајан Димковски го прекршил законот и постапките за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп. Трајан Димковски извршил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ. Процедурите се прекршени уште во процесот на објавување. Пред воопшто да биде објавен оглас, МЗШВ преку допис ја контактира Подрачната единица во населеното место каде што се објавува огласот со цел да се информира дали конкретното земјиште е слободно или под закуп. Во конкретниот случај не е пуштен допис до подрачната единица во Кисела Вода која што е надлежна за овој случај, рече Трипуновски.

Тој праша зошто Димковски не испратил допис до подрачната единица на МЗШВ во Кисела Вода и дали знаел дека земјиштето е под закуп или свесно извршил кривично дело. Доколку не знаел, оцени Трипуновски, неговите советници биле должни да го информираат и тој во никој случај не смеел да го даде земјиштето под повторен закуп.

Трипуновски најави дека попладнево ќе даде изјава за медиуми и од село Карбинци.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Реакција на генералниот секретар на Илинденскиот марш за инцидентот кај Гумење

Македонија

СДСМ-ДУИ, прва опција за нова Влада!? Божиновски: Проширена коалиција меѓу сите политички субјекти

Македонија

Учениците од септември се враќаат во клупите, со маски на лицата и социјална дистанца, часот ќе трае 20 минути

Македонија

Што ќе се случува во следните месеци со коронавирусот? – „Имаме две сценарија“, одговара Караџовски

Македонија

Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче? Неделков од СОНК: Вирусот е како атомска бомба за училиштето

Македонија

Акција на ИНТЕРПОЛ: Обид за внес на отровна храна во Македонија – запленето пилешко месо со птичји грип

Македонија

Владата објави нов, ажуриран список на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

Македонија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ да молчат за енергетиката, во нивно време струјата поскапе 100% и беше укината евтината тарифа

Македонија

Кадриу: „Премиерот нѐ нарече криминалци“ – Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката

Македонија

Мијалков до Мицкоски: Состави Влада во судиско продолжение или ќе треба да понесеш одговорност

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри