Македонија

Трипуновски: До крајот на откупната сезона остануваат уште 2 месеци, невозможно е да се откупи целата количина од 60 илјади тони јаболка

Власта го клекна земјоделието на колена. Над 60 илјади тони јаболка во Преспа стојат во магацините неоткупени. Почнува новата сезона, а земјоделците не знаат што да прават со родот од претходната година, ова е катастрофа и пораз за власта, која ветуваше грижа за земјоделството во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„До крајот на откупната сезона остануваат уште 2 месеци, невозможно е да се откупи целата количина од 60 илјади тони за 60 дена, што е премногу извесно е дека илјадници тони ќе останат да скапуваат во магацините.

Годината која што помина ќе остане запаментена како најлоша година за јаболкарите во ресенско, пласман немаше, а револтирани јаболкарите сечеа овоштарници во најдобрите години и корнеа цели плантажи.

Тврдеа дека државата е таа која треба да го организира откупот, и посочуваа примери од Европа, како тоа се прави, сега откако се на власт не само што нема подобар откуп, туку се е полошо. Погледнето го видеото, да се потсетиме што зборуваше Зоран Заев додека беше во опозиција.

Верувале или не ова е истиот Заев кој две години не направи ништо за земјоделците и за јаболкарите Ресен, но и за земјоделците во цела Република Македонија.

Нема откуп и достоинствени цени. Земјоделието е во хаос, а земјоделците безнадежни. Илјадници семејства чија единствена егзистенција беше земјоделието се соочени со сиромаштија и не знаат како да се организираат за претстојната сезона.

Затоа Владата наместо празно политизирање мора веднаш да ја врати интервентната мерка од 3 денари и да им помогне на јаболкарите.

Очекуваме итни мерки затоа што земјоделците имаат потреба од реална помош. Власта мора да го работи она за што е избрана.“ – Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни