Трипуновски: Интерпелацијата е неиздржана

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска истакна дека неговата интерпелација е неиздржана.

„Опозиција која е безидејна, на која ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и која се соочува со внатрешни проблеми, сметам дека оваа интерпелација е неиздржана. Некој се обидува преку нарушување на угледот на министерот за земјоделство да гради личен рејтинг и да создаде привид на активност“, истакна министерот.

Тој додаде дека имаат доволно аргументи со кои ќе се соочиме и ќе покажеме што е сработено во изминатите две години, за разлика од нивните седум години.